Промени тема
Контакт

(Видео) Инцидентот со Аца Лукас стана политичка тема: Сопственик на српска ТВ го нападна Мицкоски, го вмеша и македонското знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Магазин
media-library2ocf2firt6bh7kRjinK

Директорот на српската „Хајп ТВ“, Саша Мирковиќ, жестоко го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека стои зад приведувањето на српскиот фолк-пејач Аца Лукас во Кавадарци. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека Лукас настапувал без соодветна дозвола, додека Мирковиќ спинувајќи го случувањето, вели дека наводната причина била – македонското знаме кое пејачот го носел на сцената.

Инцидентот се случил доцна синоќа, кога полицијата го прекинала настапот на Лукас и го привела во станица. МВР официјално информираше дека организаторите не обезбедиле законски услови за настап и дека пејачот изведувал платен концерт без дозвола.

Но Мирковиќ на ТикТок излезе со сосема поинаква верзија.

„Лукас го привеле и му го прекинале настапот по наредба на премиерот Христијан Мицкоски, затоа што носел македонска, а не бугарска застава. Какво лудило е ова? Дали тој човек е Македонец или Бугарин? Пуштете го човекот да си оди дома,“ изјави тој.

Мирковиќ тврди дека настапот бил „насилно прекинат“, а публиката, која купила влезници, останала без концерт.

— реклама —

„Изигравате шерифи по Кавадарци. Зошто? Дали Мицкоски е нормален? Има ли некои пикопаценци околу него? Ништо не ми е јасно,“ продолжи Мирковиќ во својата видео-објава.

Тој најави и прес-конференција на која, како што рече, ќе ги „разоткрие врските на луѓето од владата“.

— реклама —

„Како што Мило се држеше до ’црната вдовица’, така и ти. И како што помина Мило на следните избори, така ќе поминеш и ти,“ му порача Мирковиќ на Мицкоски.

На крај, му испрати поддршка на Аца Лукас:

„Издржи, Ацо. Народот е со тебе. Те сака твојот брат.“

— реклама —

Од Владата засега нема официјален одговор на обвинувањата, а МВР останува на првичната информација дека станувало збор за настап без дозвола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarygbl2nto0vcr1cHVhFlW

По приведувањето во Кавадарци, Аца Лукас повторно во центар на скандал: Му го откажаа концертот во Република Српска

Сцена | пред 9 месеци

2655975_ana-paunkovic-3_ff-700x467

Аца Лукас најави нов концерт во Скопје во декември: Приходот ќе биде за семејствата на жртвите во Кочани

Магазин | пред 9 месеци

aca-lukas-2

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања