„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ) Георгиевски: И покрај лажните вести и црната кампања ќе победам со над 3500 гласови разлика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_0002.00_43_38_19.Still004

Кандидатот за градоначалник за Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски, во интервју за „Скопје 1“ очекува победа на градоначалничките избори кои ќе се одржат во недела на 5 ти мај со над 3 и пол илјади гласови.

— реклама —

Тој е сигурен во себе и поддршката што ја има од Владата и вели декаа се надева дека во овој 2 и пол годишен мандат ќе успејат да ја деблокираат сметката на општина Охрид.

[embed]

— реклама —
Ex-l5Hs81rY

Според Георгиевски, кампањата пред првиот круг од локалните избори во Охрид поминала во коректна и фер атмосфера и се задржало нивото на висока политичка култура и високо ниво на комуникација меѓу сите кандидати.

„Иамаше одредени ситни обиди за црна кампања и пласирање на лажни вести од страна на одредени медиуми. Но, во глобала нивото на кое што сме стигнати од политички и демократски развиток , кај нас тоа го дозволува и сето тоа го отценувам во рамките на една демократија која што уште е во развиток, недооформено општество како нашето. Во глобаала мислам дека кампањата горе долу помина во фер атмосвфера“, вели Георгиевски.

Георгиевски за Скопје 1 открива и дел од програмата, приоритетите на Охрид како и скромноста на Охридѓани. Вели граѓаните бараат нормални услови за живот, бараат асфалтирање на улици , бараат решавање на комунални проблеми - канализациони мрежи, улично осветлување. Ова се остварливи барања. Нашиот народ е горе долу скромен народ. мене ми е и чудно што во 21 век разговраме за јавни тоалети и канализација . Меѓутоа општинта е во таква состојба каква што е, финансиска да речам, многу време наназад се напластувани долгови и ресурсите на општината се ограничени , а барањата на луѓето се поголеми од нашите можности, па мора да планирам, категоричен е Георгиевски.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ го кажа и својот став за малата излезност на претседателските избори. Тој смета дека претседателските избори, од секогаш биле проблем со излезноста во Р Македонија. Токму поради тоа, вели Георгиевски, имаше и законски измени се намалуваше цензусот во минатото. Веројатно атрактивноста не е толку голема и луѓето мислат дека веќе се презаситени од избори. То е една причина за малата излезност на изборите. Што се однесува на самите резултати , бројот на кандидати беше голем 5, а исто и бројот на неважечки ливчиња, беше доста голем. Идикативно е што има голем број на неважечки ливчиња на кои се заокружени и бројот 3, и бројот 7, а то е поради то што на претседтелското ливче бројот 3 беше Стево Пендаровски, а на ливчето за градоначалник Стевче Стевоски. И тука дел од луѓето направиле забуна, па на истото ливче го заокружиле и Константин Георгиевски.Имаше многу такви ливчиња со заокружени и 3 и 7 на локалните избори , но како и да е за 940 гласа, јас не успејав да победам во првиот круг и се надевам дека тоа ќе се случи во вториот круг.

Георгиевски за Скопје 1 проговори и за најгорливото прашање за општина Охрид - деблокирање на оштинскт сметка.

- За воља на вистината одредени средства од долгот на општина Охрид се вратени за време на Никола Бакрачески. Според мои сознанија тоа се околу 2,5 милиони евра. и 100 милиони денари се вратија од наши средства во 2018 год. Со донесување на законот за финансиска помош за субјектите формирни од локаланите самоуправи , заклучно со 30.09.2018 год. сите доверители може да ги пријават своите побарувања во електонски систем и според тоа долгот на општината изнесува милијарда и шестотини милиони денари. Со тој закон ние добивме 495 милиони , кои се средства вкалкулирани во буџетската сметка на општина Охрид и како резултат на тоа општина Охрид во 2019 год го доби најголемиот буџет во историјата. Со преговорите кои ги започнавме после Нова Година, кои траеја околу 3 месеци со сите доверители , според законски предвидената рамка ние успејавме да заштедиме дополнителни 260 милиони денари , благодарение на добрата воља на доверителите и фирмите кои се откажуваа од своите камати. Според законот предност имаа оние кои се откажуваат до 15 % од главниот долг, но ние немаме ниту еден доверител што се откажа од главен долг. Имаме доверители кои се отажале од 100% камати, но од главен долг немаме. Како резултат на ова долгот ќе го намалие за отприлика 755 милиони денари , остануваат 530 милиони кои во иднина имаме план како ќе ги сервисираме , со цел да не се плаќаат дополнителни камати, вели Георгиевски.

Татјана Караџова-Маленкова

Целото интервју видете го во продолжение:

35b05gk3t-M

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања