Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Иран подигна црвено знаме и се заканува: „Денес ќе ги погодиме Израел и САД со сила каква никогаш не сте искусиле“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library5dcc8n3212ja6bMRB41

Висок ирански безбедносен функционер упати жестока закана до Соединетите Американски Држави и Израел, најавувајќи нови напади.

Али Лариджани на платформата Икс напиша дека Иран веќе испукал проектили кон двете држави и дека им биле нанесени штети.

— реклама —

„Денес ќе ги погодиме со сила каква што никогаш досега не искусиле“, порача тој.

— реклама —

Неговата изјава следи по предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп, кој на социјалните мрежи напиша дека Иран најавил силен удар и дека „подобро е да не го сторат тоа“, бидејќи во спротивно САД ќе возвратат со сила „каква што никогаш не била видена“.

Во меѓувреме, Иран подигна црвено знаме над џамијата Џамкаран во градот Ком. Во шиитската традиција, црвеното знаме симболизира крв на неправедно убиените и повик на одмазда, а се крева по ликвидација на важни лидери или по големи напади.

— реклама —

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се заколна на одмазда, оценувајќи дека атентатот врз ајатолахот Али Хаменеи претставува објава на војна против муслиманите.

Размената на закани дополнително ја зголемува неизвесноста во регионот и ја продлабочува кризата што веќе предизвика сериозни воени и дипломатски последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања