Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) ИРЛ: Минчо Јорданов и Благој Механџиски со сметки во „Кредит Свис“ – зошто?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
collage-1

Кралот на челикот и поранешен вицепремиер, како и еден од најголемите градители на проектот ‘Скопје 2014’, Минчо Јорданов и бизнисменот како и основачот на империјата ‘Зегин’, Благој Механџиски имале свои сметки во швајцарската банка „Кредит Свис“, откри вчера „ИРЛ“ во новата епизода на „Редакција“.

„Минчо Јорданов има вкупно осум трансакциски сметки во ‘Кредит Свис’ отворени од 2000 до 2009 година. Не можеме да видиме колку вкупно пари имало целото тоа време, но она што може да се види на кој датум, која сметка имала максимална сума на пари и колкава е сумата. На пример кај Јорданов, максималната сума на една од сметките изнесува 14,7 милиони швајцарски франци. Има и други сметки по 5-6 милиони и така натаму“, се вели во документарецот.

— реклама —

За Благој Механџиски, се посочува: „Тој има три трансакциски сметки во ‘Кредит Свис’ и сите три се отворени во јануари 2007 година. На Механџски, најголемата максимална сума на една од сметките е 13,3 милиони швајцарски франци, а на другите две има околу пет милиони и три милиони“.

Сашка Цветковска, одговорен уредник во ИРЛ вели: „Овие луѓе се се најлошо, се што имаат направиме во оваа држава, целото нивно богатство, буквално се што имаат. И онака се однсувале многу лошо со системот кој неправедно ги наградил. Најбогатите луѓе кои ги текнале сите пари благодарение на привилигиите овде, сепак одлучиле да ги чуваат надвор и да не плаќаат данок. Друго не знам“.

— реклама —

Маја Јовановска, новинарка во ИРЛ во документарецот вели: „Всушност, првата финансиска инјекција поради која Зегин стаснува гиганотот кој го знаеме, доаѓа од озогласената исладнска инвестициска групација ‘Милестоне’... Сопственици се двајца браќа... кои се осудени поради проневери за пари. Парите за кои се осудени ги опфаќаат и парите од инвестициите во Македонија. Една од нивните инвестиции е во Зегин кога купуваат 50 отсто од уделите на Механџиски за пет милиони евра. Направивме компаративна споредба на датумите и сфативме дека по само шест месеци од оваа инвестиција, Механџиски ги отвора сметките во ‘Кредит Свис’. На една од тие сметки ќе се појават 5 милиони швајцарски франци“.

Во документарецот се зборува и како Минчо Јорданов имал сметка во странство, иако во тоа време, имало забрана македонски државјани да имаат сметки во странство ако немаат работна дозвола или не се резидентни граѓани.

Поврзани вести:

ks

Протекоа податоци: „Кредит свис“ им отворaла сметки на дилери, воени злосторници, трговци со луѓе

Банкарскиот гигант „Кредит свис“ со години отворал сметки за автократи, дилери на дрога, осомничени воени злосторници и трговци со луѓе, открија неколку светски медиуми.Информации за ова на германскиот весник Süddeutsche Zeitung (SZ) му дал свиркач, а потоа била покрената истрагата Suisse Secrets, која открива сопственици на 100 милијарди швајцарски франци (109 милијарди долари, 96 милијарди евра) чувани во тајна институција со седиште во Швајцарија.„Зидојче цајтунг“, британски „Гардијан“ и „Њуј

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања