„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Исени: Нови канцеларии на управни служби во ОВР Струга, креираме услуги поблизу до граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
DSC_2098

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, денеска во Струга присуствуваше на отворање на новите простории на управните служби на ОВР Струга. Новите простории се префрлени во старата зграда на општина Струга на улицата „Маршал Тито“.

— реклама —

„Преку меѓусебна соработка со општина Струга и градоначалникот, овозможено е просториите на Отсекот за управни служби и Отсекот за оружје во Струга да се префрлат во старата општинска зграда. Во таа насока, МВР пристапи кон реновирање на приземјето со цел да овозможи подобри услови за вработените и граѓаните, а во насока на нормално функционирање на службите. Со ова се излегува во пресрет на граѓаните на Струга и регионот, во иднина своите права и обврски од овој делокруг да ги вршат на еден подостоинствен начин. МВР е решено целосно да го смени изгледот и начинот на функционирањето на управните служби низ цела Македонија бидејќи тие се пред се лицето на државата“, потенцираше заменикот министер Исени.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи во периодов отвори повеќе нови канцеларии на управни служби во повеќе реони низ државата со цел граѓаните да имаат побрз и поквалитетен пристап до услугите кои им се потребни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања