„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВИДЕО: Исповед на бизнисменот кому министер од Владата на Заев на сила, без надоместок му ја одзел компанијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
vlada-slika

Министер на Заев, со неколку членови од неговото семејство, наводно со оружје му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство. Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21.

— реклама —

Бизнисменот дојде во ТВ 21 со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство добиле закани по живот, од три лица.

Оваа изјава на министерот Аднан Ќахил, ги поттикна лицата кои тој ги спомна, да дојдат во ТВ21 и да се исповедаат за упатените јавни обвинувања на министерот.

— реклама —

Ервин Сејфула тврди дека е жртва на министерот Ќахил и обвинувањата на министерот дека Ервин му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели се лага.

За ова, тој јавно во ТВ21 покажа документ, за кој вели дека го доставил и во Финансиска полиција, и поради тоа, како што тврди бизнисменот, отворена е истрага за министерот Аднан Ќахил.

Во предаденото досие во Финансиска политика, кое го имаше на увид и ТВ21, се гледаат телефонски разговори, СМС пораки и други писма за сопственоста на компанијата „Манора Логистик Маркетинг ДОО“. Со овој документ Ервин Сејфула го обвинува министерот Ќахил и неговото семејство, дека наводно насила и со закани по живот му ја одземале компанијата.

ТВ21 контактираше и со министерот Аднан Ќахил за да добие одговор за обвинувањата од страна на бизнисменот, но тој одби да одговори и се закани дека ќе ја тужи телевизијата доколку излезе веста.

Второосомничениот кој го спомнува министерот Ќахил, како лице кое му се заканило на неговиот роднина, ја раскажа неговата верзија и за тоа донел и аудио снимки од разговорите со роднината на министерот. Вулнет Селими беше спомнат во интервјуто на министерот, дадено за ТВ21.

Еркан Мамут за ТВ21 рече дека го тужел бизнисменот и неговите пријатели за закана и дека на 19 декември чека да се види со нив на суд, кога почнува судскиот процес за ова прашање. Според него, Ервин Сејгула, немал 90% од акциите во фирмата Манора Логистик и Маректинг ДОО, туку само 1%.

ТВ21 контактираше и со Финансиската полиција за да потврди дали пријавата на Ервин Сејфула е доставена кај нив. Од овој орган, за ТВ21 изјавија дека печатот на архивираното писмо е доволен доказ за примањето на предметот.

AeX9cUYWdfY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања