Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Историската комисија на Македонија: Ако правиме проблем со Бугарија, нека се замрзне нашето работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-02-03-at-07.59.02

Македонскиот копретседател на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, вели дека нема ништо против да се замрзне работата на комисијата додека не се релаксира политичката атмосфера во двете држави. Во гостувањето на вечерашната Топ Тема на Телма, Ѓоргиев рече дека замрзнувањето на работата на комисијата на одреден период не би значело ништо, а можеби би придонело многу повеќе за другите работи меѓу Македонија и Бугарија да тргнат напред.

— реклама —

„Доколку во овој момент историската комисија прави проблем на патот по кој се тргнати двете влади, да се релаксира политичката атмосфера, јас би бил согласен работата на комисијата да се замрзне. Година, две, да се замрзне работата на комисијата бидејќи повторно е чуството дека таа комисија создава проблеми преку препукувањата наши во јавноста. Ако навистина се сака да се постигне некаков напредок меѓу Македонија и Бугарија на сите други нивоа, тоа и не би била толку страшна одлука, бидејќи ние 70 години сме во историографски конфликт со Бугарија. Година или две замрзнување на работата на оваа комисија не би значело ништо, а можеби би придонело многу повеќе да тргнат другите работи напред“, рече Ѓоргиев.

— реклама —
koE2fgTjo-c

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања