СДСМ на денешниот 9-ти Централен Одбор на партијата донесе одлука за новиот Извршен Одбор. Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршнен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови. Нови членови на ЦО се професорката од Филозофскиот факултет, Тања Стојановска Иванова и Салија Љатиф Петрушовска, директор на геријатриската болница во Скопје.
9 од 16 те членови на И.О на СДСМ се жени.
На денешниот Централен Одбор тема ќе биде и новиот начин и систем на делување на владеачката партија, од централно до општинско ниво.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/401057590493253/