Промени тема
Контакт

(Видео) Израел испраќа дополнителни сили во Либан: „Ова не е копнена офанзива“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryc3gkr87mame39Tzac0k

Израел испрати дополнителни сили во јужниот дел на Либан, соопшти денес неговата армија. „Сакам да нагласам дека ова не е маневар, копнена офанзива или нешто слично. Станува збор за тактичка мерка за спречување на напади од Хезболах“, изјави портпаролот на армијата, Надав Шошани.

Постојат реални можности тие да ги ескалираат своите операции против нас“, додаде Шошани.

Тој одби да соопшти точен број на израелски војници распоредени во соседната земја. Досега израелските сили биле стационирани на пет позиции во јужниот Либан, а сега зазеле дополнителни позиции блиску до границата.

— реклама —

Шошани објасни дека станува збор за стратешки локации од кои се гледаат израелските населби. Хезболах би можел да ги користи за директно гранатирање на станбени области или обиди за инфилтрација, додаде тој.

— реклама —

Токму затоа таму распоредуваме единици, за да немаат можност тоа да го направат“, рече Шошани.

Министерот за одбрана, Израел Кац, изјави дека потегот бил одобрен и од него и од премиерот.

— реклама —

Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас го овластивме Израелските одбранбени сили да заземат и обезбедат дополнителни стратешки позиции во Либан за да спречат напади врз израелските погранични заедници“, рече Кац.

Либанското милитантно движење Хезболах во знак на одмазда по израелско-американскиот напад врз Иран испука неколку ракети кон Израел, со што се отвори уште еден фронт на конфликтот. Израел возврати со воздушни напади врз позиции на движењето, вклучувајќи ги и во главниот град Бејрут.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 4 часа

iran

„Подготвени сме 100 отсто“: Иран тврди дека ги подобрил системите по последните судири

Свет | пред 8 часа

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Свет | пред 2 дена

SeKXr-

Нафтата поевтинува, фокусот е на новите санкции на САД за Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања