Израелските воени авиони изведоа речиси непрекинати напади врз градот Газа во текот на ноќта, поддржани со артилериски оган, јави палестинската новинска агенција WAFA. Според палестински медиуми, израелски тенкови подоцна навлегле во делови од градот каде сè уште престојуваат стотици илјади луѓе, иако официјална потврда од израелската армија засега нема.
Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 350.000 Палестинци досега го напуштиле градот Газа и се евакуирале во други делови од Појасот. Според извор од израелската одбрана, на кој се повикува „Тајмс оф Израел“, илјадници жители заминале токму во изминатата ноќ, а бројот на бегалците се очекува дополнително да расте како што напредува копнената офанзива против Хамас.
Happening Now.
— Kosher🎗 (@koshercockney) September 15, 2025
Hamas is getting pummelled tonight in Gaza City.
I stand with Israel in the fight against Islamist Terrorism. pic.twitter.com/0lW0iagpk2
Се проценува дека пред почетокот на израелската операција во градот Газа живееле околу еден милион Палестинци. Минатата недела армијата им издаде наредба за евакуација на сите жители, упатувајќи ги кон „хуманитарна зона“ на југот од Појасот. Палестинските медиуми јавуваат дека токму ноќеска во градот бил извршен најсилен бран воздушни напади досега.
Во вакви услови, американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека Хамас има само неколку дена за да се согласи на договор за прекин на огнот, бидејќи Израел веќе започнал особено жестоки операции врз градот. „Израелците започнаа операции таму. Затоа веруваме дека имаме многу краток временски рок за да постигнеме договор со палестинската исламска група,“ изјави Рубио пред новинарите.
По посетата на Израел, тој отпатува за Катар, додавајќи дека шансата за договор останува отворена „само неколку дена, можеби неколку недели“.