Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Израелски полицаец фрлил шок-бомба во автомобил со Палестинци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarymq4alja2ju7h5SO8QLz
screenshot X

Припадник на израелската гранична полиција е суспендиран од должност откако беше објавена снимка на која се гледа како фрла шок-бомба во автомобил во бегалскиот камп Каландија на окупираниот Западен Брег.

— реклама —

Според израелскиот портал „Ynet“, на снимката од безбедносните камери се гледа како полицаецот се приближува до паркираното возило и по кратка вербална расправија фрла шок-бомба во автомобилот, која веднаш експлодира.

— реклама —

По експлозијата, двајца патници од задното седиште излегуваат и бегаат, додека полицаецот му го блокира излезот на возачот, спречувајќи го да го напушти возилото. Неколку моменти подоцна, тој се оддалечува, вперува оружје кон лицата кои побегнале и испукува истрели во нивна насока, додека тие со кренати раце бараат засолниште зад автомобилот.

Според информациите, во инцидентот нема повредени.

— реклама —

Израелската полиција соопшти дека е отворена истрага и дека полицаецот е отстранет од должност до завршување на постапката. Од полицијата наведуваат дека неговото постапување не било во согласност со службените процедури, поради што случајот е предаден на Одделот за внатрешни полициски истраги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 36 минути

— реклама —
media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Свет | пред 4 часа

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 12 часа

netanjahu

Нетанјаху го промени официјалниот став на Израел за Фолкландските Острови, тврди „Телеграф“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања