Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Извори тврдат: Дроновите кон британската база во Кипар биле лансирани од Либан, веројатно од Хезболах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryqa4v73qc85iifmTUxDQ

Иранските беспилотни летала што ја таргетираа британската воена база на Кипар биле лансирани од соседен Либан, а најверојатно зад нив стои вооружената група Хезболах, изјавил извор од кипарската влада за агенцијата Франс прес.

— реклама —

Според истиот извор, „потврдено е“ дека дроновите, од кои еден ја погодил пистата на базата, биле испратени од либанска територија. На прашањето дали зад нападот стои проиранската група, изворот одговорил дека тоа е „многу веројатно“.

Британското Министерство за одбрана засега не ја потврдило информацијата. Владин извор во Лондон посочил дека анализата што треба да го утврди потеклото на дроновите „сè уште е во тек“.

— реклама —

Дронот што во неделата навечер ја погодил британската база во Акротири претставува прв напад врз земја членка на Европска Унија од почетокот на војната што избувна по американско-израелските воздушни напади во саботата.

— реклама —

Британскиот премиер Кир Стармер, обраќајќи се во парламентот, изјави дека Соединети Американски Држави „не ги користат и нема да ги користат двете британски воени бази на Кипар“. Иако базата Акротири беше нападната само неколку часа по неговата изјава дека одобрил користење на британските бази против Иран, Стармер уверуваше дека нападот „не бил одговор на ниту една одлука што сме ја донеле“.

„Според нашата проценка, дронот бил лансиран уште пред нашата објава“, рече тој, без да го прецизира потеклото на леталото.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 17 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања