Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2022-06-08-at-12.21.10

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.

„Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инат, подметнување, навреди не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“, кажа Јакимовски пред советниците.

— реклама —

Тој се обрати и на прес-конференции.

„Се соочуваме со навреди, омаловажување. По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека таа коалиција не може да опстои во општина Карпош. Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните, советот на Карпош. Затоа јас и Карпош мора да се спротиставиме на инструкциите, на командите од еден центар. Мораме да се спротиставиме на обидите за рекет и закани врз стопанственици од нашата општина. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните. Имам поплаки дека се работи кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, има индиции дека се обидува луѓето да ги рекетира, дури и закани кон стопанственици, со кажувања дека кога ќе дошле на власт ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што не е дојден на власт да се заканува. Сметам дека со реваншизмите треба да престанеме. Сметам дека Обвинителството, судството треба да си ја работат својата работа“, објасни Јакимовски.

— реклама —

image-164523

Јакимовски: Мицкоски е единствен виновник за раскинување на коалицијата, од тајни време е да станеме јавни непријатели

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош, кажа дека виновник за растурањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината е Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Јакимовски со жестоки обвинувања обзнани зошто повеќе нема да продолжи соработката со опозициската партија. Градоначалникот тврди дека нема никаква вина.„За изживување, господинот Мицкоски треба да побара помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано. Морам да ка

Скопје | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања