Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јакимовски: Мицкоски е единствен виновник за раскинување на коалицијата, од тајни време е да станеме јавни непријатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
image-164523

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош, кажа дека виновник за растурањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината е Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Јакимовски со жестоки обвинувања обзнани зошто повеќе нема да продолжи соработката со опозициската партија. Градоначалникот тврди дека нема никаква вина.

„За изживување, господинот Мицкоски треба да побара помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано. Морам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ имам многу драги пријатели, со некои и ќе останам пријател. Им се извинувам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно имам респект кон тоа што ме поддржале. Се што имам обврска кон нив ќе биде испочитувано, нема на никого да му фали влакно од главата. Моите обврски и натаму кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполнувам. И по полноќ можат да ме контактираат. Моите разговори со Мицкоски прекинуваат, и тој единствен виновник поради која се раскинува оваа коалиција“, кажа Јакимовски.

— реклама —

ГРОМ ќе делува опозициски, кажа Јакимовски, а за помош на граѓаните и решавање на нивните проблеми.

„Знам дека ќе има приказни дека ќе одам со СДСМ. Но не правам коалиција со никого. Сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидеме поддржани. Тајниот непријател повеќе не можам. Да го трпам. Од тајни верувам има причина да станеме јавни непријатели. Виновник не сум јас, се обидував да ги ускладиме работите. Но преку грбот на граѓаните да се обидете да вршите притисок врз градоначалник на една општина, а не сте бирани, бујрум дојдете кандидирајте се наредните избори“, додаде Јакимовски.

— реклама —

— реклама —
Screenshot-2022-06-08-at-12.21.10

(ВИДЕО) Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.„Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успе

Скопје | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Делови од Центар и Карпош утре без струја

Скопје | пред 20 часа

media-library5lrq32gsmmhfd1ZHrNN

Комунална хигиена: Граѓаните и понатаму бесплатно ќе можат да одлагаат кабаст отпад

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym3juphbte2pl2nUsBA6

(Видео) Од дива депонија ќе изградиме мега-парк од 72.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 седмица

media-librarylug7o2qn01t3ayK7VS9

(Фото) „Се плашев да не падне“: снимени деца качени на конструкцијата од новиот мостот во Карпош

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања