Денес точка на дневен ред беше предлагање и избор на заменици министри, па, имав да кажам неколку збора. Имено, откако е избрана новата влада на чело со Ковачевски, или #Таченаторот како што обожава да го викаат ботовите од Бихаќка, ние бележиме само порази, продолжи со исто темпо како старата со хаос, неспособност, кризи, дипломатски скандали и понижувања, вели Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто како Заев, така Таче одбра политика на понижување и срамови за државата, а требаше обратно, да биде подобро, нели.
Ова сигурно не се учи на Харвард, во спротивно не би бил еден од најдобрите универзитети во светот.
Во овој краток период направија такви глупости и неколку евтини обиди за поразот да го претстават како победа.
- Не е реализиран ниту капитален проект, нема ниту една странска инвестиција, она што успеаа е само со бившите градоначалници на СДС да прошетаат низ објектите кои што ги оставија на пола и тоа да го претстават како некаков успех, а за тоа не им веруваат ниту на самата Бихаќка.
Како министрите, така премиерот, така и замениците министри во овој период се покажаа како неспособни и без даден легитимитет од народот, избрани по принципот на Северна Кореја.
Ниту ги знаеме кои се, освен дека речиси сите се кадри на ДУИ или треба да бидат одобрени од ДУИ, затоа што во Македонија ДУИ назначува министри, заменици министри и премиери а СДС е таа која само треба да потпише тоа што треба и тоа не треба.
Да не се лажеме.
Во однос на замениците министри, 9 се Албанци, 6 Македонци и 2 Турци се на листата кои ги предлага владата, а треба да бидат избрани од ова Собрание.
Меѓу т. н. втор политички ешалон нема место за ниту еден Ром, Србин, Бошњак, Влав или од другите помали заедници иако тие реално претставуваат 7% од населението во Македонија.
Сите во Македонија се прашуваат зошто постојат заменици на министрите кога буквално ништо не направиле, не сработиле, помогнале или дале своја идеја за придонес на решавање на она што ги мачат граѓаните во Република Македонија.
Јас буквално овие предлози ги гледам како партиски кадри кои работат во штабовите па нема сега како, ајде ќе им дадеме да бидат заменици да имаат кола, секретарка, репрезентација и ништо да не работат.
Јас кога би се прашувал целосно би ги укинал бидејќи се тотално непотребни, но нејсе...
И уште една работа ми се врти во глава деновиве во однос на замениците, па една препорака до СДС, да внимаваат кого бираат за заменик министер оти може утре при пораз на избори да им биде нов претседател на партија, како Таче“, вели Јаулески.