Навистина е излапен, заборава што кажал (читај излажал) и кога ќе биде фатен во тесно наивно се правда, коленичи и моли за прошка како крадец фатен на лице место пред сефот во семејна куќа. А и крадец е, ни ја украде иднината и продаде историјата, така да сѐ што ни паѓа на ум да кажеме за овој човек нема да е погрешно, напиша на својот ФБ профил Јован Јауелески.
Ако, како што вели овде, ,,македонска" е идентитетска одредница а ваму вели дека погрешил и се извинува, дека треба да е ,,северномакедонска", значи ли тоа дека на афтерот после чамецот во Преспа со чашка добро вино договорил нешто што не знаеме и ние сме северномакедонци?
Само прашувам бидејќи имам дилема, јас и сите граѓани. А она што се сомневаме во врска со Заев и она што секогаш го негира - на крај излегува дека е точно.