Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на својот Фејсбук профил објави видеа од состојбата на Собранието по вчерашните протести.
„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, вели Џафери.