Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба бил осуден на казна затвор за продажба на дрога, обвини СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
presuda

„Бобан Стефковски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е осудено лице и бивш затвореник“, обвини Биљана Муиќ.

— реклама —

Во 2002 година Стефковски е осуден на казна затвор од три месеци поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“, односно продажба на дрога. Еве ја пресудата со која се потврдува кривичното дело на Стефковски“, додаде портпаролка на ОО СДСМ Гази Баба.

Во останатиот дел на прес-конференцијата додаде:

— реклама —

gda4DSes5Q8

„Тоа што Стефковски пред десет дена извадило уверение и покрај тоа што ова народски се вика уверение за неосудуваност, всушност е уверение дека во моментот на издавање на уверението против лицето не се води кривична постапка, што не значи дека порано не бил осудуван.

Неговата казна според Кривичниот законик, како и за сите осудени лице, по законски определен период се брише, но повторно, ова не значи дека во 2002 година одина не бил правосилно осуден за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“

Еве ја понудата за градоначалник на Гази баба на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ова е уште еден доказ во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промен, тоа е истата криминално режимска матрица од времето на Никола Груевски.

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници е составена од старти ликови, луѓе на Груевски луѓе за кои постојат судски пресуди за сторени кривични дела.

Со ваква понуда, ВМРО-ДПМНЕ убедливо губи овде во Гази Баба. Граѓаните на Гази Баба нема да дозволат поранешни затвореници да ја водат општината и да управуваат со народни пари.

Со СДСМ и Борис Георгиевски граѓаните се на сигурно, работата дека има континуитет. Знаат дека проблемите продолжуваат да се решаваат. На 17-ти октомври со пенкалото во рака да гласаме за бројот 12 и да го одбереме најдоброто. Да кажеме НЕ на криминалот и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ. Во недела граѓаните ќе заокружат 12 за Борис Георгиевски и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, за да продолжи развојот на Гази Баба“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања