Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (39) ја изненади јавноста со своите музички вештини на концертот „Заедно за Божиќ“, откако му се придружи на шкотскиот пејач и текстописец Том Вокер за време на изведбата на песната „За оние кои не можат да бидат тука“ и засвири пијано. Настапот со гудачки квартет е снимен во Вестминстерската опатија во четвртокот.
Вокер за магазинот Town and Country. изјави дека тоа било неверојатен ден за него. Тој е воодушевен од настапот на војвотката и смета дека таа му дала кралско значење на настапот.
„Не е лесно да седнеш пред пијано со куп музичари со кои никогаш не си свирел, и тоа пред во живо, а таа извонредно отсвири“, рече тој.