Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кличко: Најголем број повредени деца за една ноќ во Киев – последици од најсилниот напад досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-07-31-at-11.21.59

Најмалку девет деца се повредени во ноќешниот руски напад врз Киев – број кој, според градоначалникот Виталиј Кличко, претставува најголем број повредени деца во еден ден од почетокот на руската инвазија.

— реклама —

„Има жртви меѓу населението во Соломјанскиот округ. Една од станбените згради е значително оштетена од непријателскиот напад“, соопшти Кличко, објавувајќи и видео од местото на трагедијата.

— реклама —

Според последните информации, најмалку седум лица загинале, а повредени се 82, откако Русија синоќа изврши комбиниран напад врз Украина, користејќи над 300 дронови и осум ракети, потврдија украинските власти.

Градоначалникот на Киев и началникот на воената управа Тимур Ткаченко потврдија дека Киев претрпел најголеми штети, особено во западниот дел од градот, каде дел од урнатините се уште се расчистуваат.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека нападот е „одговор на Русија на нашата желба за мир, споделена со Америка и Европа“.

— реклама —

Ова е еден од најжестоките напади врз главниот град на Украина во последните месеци, со силни последици по цивилното население, вклучително и деца, што предизвика нови осуди и реакции од меѓународната заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 11 минута

— реклама —
media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 7 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 1 ден

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања