Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 минути -

Македонија
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека бил вклучен во процесот поврзан со влезот и продажбата на Алта банка во Македонија, прашувајќи во кое својство барал купувачи за банката и со кого преговарал.

— реклама —

На денешната прес-конференција, Филипче праша дали Мицкоски настапувал како посредник во продажбата, потсетувајќи дека гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, претходно потврдил дека премиерот бил информиран за влезот на Алта банка во земјава.

— реклама —

Филипче побара одговори дали Мицкоски имал директни разговори со сопственикот на банката, Давор Мацура, и каква била неговата улога во процесот на преземање на тогашната Стопанска банка Битола.

Лидерот на СДСМ отвори прашања и за одлуката донесена на владина седница, со која, според него, јавните претпријатија требало да ги отстапат своите акции во корист на Давор Мацура, односно Алта банка. Тој ја посочи и министерката за финансии Гордана Кочовска како дел од процесот.

— реклама —

Филипче побара објаснување зошто била донесена таква одлука и во чиј интерес работеле претставниците на Владата. Притоа изнесе и сериозни обвинувања за потеклото на капиталот на Алта банка, поврзувајќи ја со наводни криминални активности, но за овие тврдења во соопштението не беа приложени докази.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања