Денеска се навршуваат 24 години од еден од најтрагичните и најкукавичките настани во поновата историја на Македонија – заседата кај месноста Карпалак, во која животите ги загубија десетмина бранители.
Поранешниот командант на Воената полиција и ЕБР, началник на специјалните единици, Антонио Станковски, во поткастот „Претрес“ говореше за трагичниот настан и можните пропусти во неговата организација.
„Не сум бил на тоа старешинско ниво за да имам информација дали на време стигнале. Мислам дека можеби станува збор за недоволно проверени информации и не системско водење на целата таа колона. Кога се сомневаш дека нешто не е во ред, треба да се промени времето на движење, начинот на кој оди колоната, да се покријат ризични точки, можеби со хеликоптер, за да се обезбеди патот и безбедно да стигне на целта. Веројатно организациски сме ја утнале работата“, рече Станковски.
Прашан кој е виновен за Карпалак, тој одговори: „Во војна се случуваат такви работи. Можеби некој е крив за нешто, но војната носи жртви. Организациски секогаш може подобро – ако треба да се појде покасно, ако треба да се употребат сили за обезбедување на патот, тоа треба да се преземе. Ако службите ти дадат информации, а не ги вклучиш во одлуката, тогаш можат да се случат вакви работи.“
Во заседата на 8 август 2001 година беа убиени: Сашо Китаноски (39), Марко Деспотоски (27), Нане Наумоски (48), Љубе Грујоски (31), Бранко Секулоски (42), Дарко Вељаноски (27), Горан Миноски (29), Пеце Секулоски (29), Веби Рушидоски (26) и Ердован Шабаноски (20).
Како се случи масакрот кај Карпалак?
Масакрот кај Карпалак — најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца
Македонија | пред 6 години