Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Косовски државјанин се обидел да прошверцува 2.000 медицински препарати скриени во кабина на товарно возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryhc8dikk9fet0c04EaDk

Мобилен тим на Царинската управа спречил обид за криумчарење на 2.000 вијали со медицинскиот раствор „Гадонанс“, кои биле сокриени во кабината на товарно моторно возило на граничниот премин Деве Баир.

— реклама —

Како што соопшти Царинската управа, возачот, косовски државјанин вработен во транспортна компанија од Косово, превезувал алуминиумски профили на релација Турција – Косово. При царинската контрола изјавил дека нема ништо за пријавување освен декларираната стока, по што, поради сомневање, била извршена детална проверка на возилото.

При контролата биле пронајдени вкупно 2.000 вијали, спакувани во папки и кеси, без оригинално пакување. Медицинските препарати биле сокриени на повеќе места во кабината на камионот – во горниот кревет, во фабричка преграда, над возачкото седиште и во личниот багаж сместен во долниот кревет.

— реклама —

Вијалите се запленети, а Одделението за истраги при Царинската управа поднело кривична пријава против возачот поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење.

— реклама —

Од Царинската управа посочуваат дека медицинските препарати, меѓу кои и растворот „Гадонанс 7,5 милилитри“, кој се користи при магнетна резонанца, подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани услови за чување и транспорт.

Воедно, оттаму информираат дека од почетокот на годинава спречиле 13 обиди за криумчарење и заплениле вкупно 29.000 парчиња лекови и медицински препарати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања