Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски да прифати гаранции за јазикот и историјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Kovacki-11.02.2021

„Имаме информации дека дејствијата на Ковачевски во процесот на преговори се многу подлабоки од менување на Уставот, и внесување на Бугарите во Преамбулата. За оваа наша теза говори и фактот што се случи, а тоа е премиер кој води преговори да одбие национално единство и подадена рака за преговори. Се случи да одбие неспорна Декларација за Гоце Делчев, како и понуда да се разговара за секое отворено прашање“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

„Сето ова отвора сомнеж дека во прашање е многу повеќе од Уставот, а тоа е национално осакатување преку задирање во јазикот, историјата, па дури и со решение да не блокираат на европскиот пат. Затоа бараме писмени гаранции кон кои ќе се обврзе Бугарија, а зад чие барање ќе застане Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски мора да знае дека привремената заслепеност од функцијата е минлива, и дека не смее да има пазарење на сметка на македонските национални интереси. И тоа треба да му го каже и на неговиот министер Бујар Османи.

Дополнително Ковачевски треба да побара гаранции и од Брисел, дека нема да има повеќе кочење на патот кон ЕУ, и безброј нови барања од Бугарија.

Како држава, премногу долго сме блокирани поради ирационални спорови кои немаат никаква врска со европските вредности, и премногу долго се молчи за апсурдите поради кои е блокирана Македонија на патот кон ЕУ.

Македонија мора да добие писмени гаранции дека никој веќе нема да ја блокира само заради тоа што не сакаме да правиме ревизии на историските вистини коишто се потврдени од антифашистичката коалиција во Втората Светска Војна.

Никој нема право да ни го оспорува членството во ЕУ и никој нема право да го блокира просперитетот на нацијата.

Овој народ одамна заслужи да ги отпочне преговорите со ЕУ, без никакви дополнителни толкувања и условувања“.

Y_wXrxe0XG0

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања