Кратово и Делчево од утрово се покриени со снег. Како што извести АМСМ, од 07:00 часот сообраќајот на патниот правец Кратово - Пробиштип е во прекин за тешки моторни возила, поради снежни наноси.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


