Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Lukarevska-2

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицковски кое се однесуваше за борба против загадувањето.

„Граѓаните на Скопје, но и многу други македонски градови дишат загаден воздух, присуството на ПМ10 честичките се двојно а некои денови тројно зголемени. Високи концентрации на ПМ10 честички се регистрирани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Гостивар. По бројот на жители тоа е повеќе од половина Македонија.

Воздухот е означен како „нездрав“, тоа знаете верувам колку сериозна закана за здравјето на граѓаните е.

Кога бевте во опозиција господине Мицкоски вие ветувавте над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветувавте намалување на загадувањето до 50%.

Како власт нема ништо од тоа. Не само што нема 1 милијарда евра за борба против загадувањето туку и парите коишто се предвидени за тоа во буџетот ги намалувате“, рече Сања Лукаревска.

— реклама —

„Или по ставки: Парите за заштита на животната средина ги намаливте за цели 25%. Парите за квалитет на воздух ги намаливте за 51%. Парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.

Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, немате ништо предвидено.

Со намалување на буџетот за клучни области за борба против загадувањето, како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот праќате јасна порака дека немате никаква намера нешто да преземете.

Ги оставате граѓаните само на себе.

Како власт поважно ви е луксузирањето, па затоа во Буџетот имате предвидено повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.

— реклама —

Пред една недела, вие господине Мицкоски тврдевте дека когенеративна централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ниту денар.

Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето.

Депонијата „Дрисла“, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност.

Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина гледаме неактивност а тоа граѓаните го плаќаат со своето здравје.

Дополнително, во рамки на Собранието и Комисијата за финансирање и буџет досега не прифативте ниту еден амандман на СДСМ, ниту еден, меѓу кои ги одбивте и амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.

Кога бевме на власт СДСМ имаше План за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, истиот беше посочен и во Извештај на Европска комисија.

— реклама —

И реализацијата на тој план ги даде првичните ефекти, кои се јасни и конкретни. Секако дека не е долно но борбата со загадувањето е макотрпен процес.

Со планот се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564 kg и намалување на честичките МП 10 за-735 kg.

Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.

Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.

Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.

— реклама —

Ги нафрлам сите овие мерки затоа што секоја од нив вметната во овој план придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот.

И тие мерки требаше да се засилат и да се унапредат. За жал и на штета на народот ДПМНЕ не прави ништо за тоа односно го прекинува тој процес.

Политиките на една власт се гледаат во буџетот а во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето нема.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите!

Ја нема сега милијардата којашто ја најавувавте за борба против загадувањето. Ниту пак има мерки за намалување на загадувањето за 50%.

Моето конкретно прашање е каде го заборавивте планот за чист воздух?“, праша пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoltoi9u85k2u72I0dNT

Предлог-законот за игрите на среќа пред јавноста, во фокусот заштитата на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
pistol

Јавна расправа во Собранието за новиот Закон за оружје

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собраниските комисии денеска ќе расправаат за ДДВ, игрите на среќа и работниците во странство

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhbl1vph2kkjo3QKDWOB

Проширувањето на ЕУ и Западен Балкан во фокус на панел-дискусијата во Собранието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања