Промени тема
Контакт

(Видео) Мачадо ја пофали акцијата, но Трамп е јасен: „Таа нема да ја води Венецуела, народот не ја сака“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarysgico3dcdnpvabcTvWd
Х

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година со месеци се криеше, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „огромен чекор за човештвото, за слободата“.

Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп поради апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро. „Трети јануари ќе влезе во историјата како ден кога правдата ја победи тиранијата“, изјави Мачадо синоќа за Фокс њус.

„Ова е пресвртна точка“, рече таа во видео-клип од интервјуто што го сподели на платформата Икс, додавајќи дека настанот е значаен не само за венецуелскиот народ, туку „и за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“.

— реклама —

Трамп: Таа нема поддршка ниту почитување

— реклама —

Трамп неодамна стави до знаење дека Мачадо нема да има водечка улога во Венецуела. „Нејзе би ѝ било многу тешко да биде лидер. Таа нема поддршка во земјата, а не ужива ниту почитување во земјата“, изјави американскиот претседател.

— реклама —

Во меѓувреме, верната заменичка на Мадуро, Делси Родригез, положи заклетва како вршителка на должноста. Нејзината влада и понатаму го смета Мадуро за легитимен шеф на државата.

Добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо за Фокс њуз изјави дека на Делси Родригез „не може да ѝ се верува“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 1 месец

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања