Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Македонското знаме се развеа во Абу Даби: Таткото на Волкановски славеше со сонцето од Кутлеш во рингот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-libraryhqpog4ebtlci7HADHKD

Македонското знаме со сонцето од Кутлеш се развеа во октагонот на УФЦ во Абу Даби, веднаш по победата на Александар Волкановски над Мовсар Евлоев. Знамето го внесе и го развеа неговиот татко, кој потекнува од битолското село Беранци.

— реклама —

Моментот беше забележан за време на прославата на шампионската титула, откако Волкановски со технички нокаут во втората рунда го совлада дотогаш непоразениот Евлоев и го задржа шампионскиот појас во перолесна категорија.

— реклама —

Иако е роден во Австралија и настапува под австралиското знаме, Волкановски во повеќе наврати јавно го истакнувал своето македонско потекло.

— реклама —

„Татко ми е Македонец, а Волкановски е македонско презиме. Мајка ми е Гркинка“, изјави тој во 2023 година, одговарајќи на прашања за своите корени.

Неговиот татко е роден во Беранци, од каде што семејството се преселило во Австралија. Во интервју за SBS Македонски, Волкановски претходно изјавил дека има голем број македонски поддржувачи и дека ја цени нивната поддршка.

По новата победа, официјалниот профил на УФЦ го одбележа успехот со пораката „Легендата продолжува“, додека македонското знаме беше дел од прославата во октагонот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kr41rmckcce1nzUZxc

Македонецот по потекло Волкановски повторно светски шампион – го нокаутира непоразениот Евлоев

Спорт | пред 12 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања