Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Макрон кон Заев: Заслужувате да ги почнете преговорите со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-makron

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. По средбата тие одржаа заедничка прес-конференција, на која меѓудругото францускиот претседател истакна дека Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство со ЕУ.

– Тука сум да помогнам за да се изнајде решение со Бугарија – додаде Макрон.

— реклама —

Во изјавата, македонскиот премиер говореше за француската поддршка во изминатите 28 години колку што траат дипломатските односи меѓу двете земји.

— реклама —

„Од една ваша изјава пред студентите во Сорбона, дека во Европа лежи нашиот идентитет и Европа ни дава иднина, силно верувам дека Франција може да биде мотор за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. За нас е важно што Франција го поддржува овој просце врз основа на поставените критериуми. Саитот во јуни е шанса за наш напредок и да го тргнеме ветото“, рече Заев.

Заев е во работна посета на Франција, придружуван од Никола Димитров и Бујар Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања