Промени тема
Контакт

(Видео) Мал авион се урна во Аризона, едно лице загина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryrn2k080emvcharjhBzv

Едно лице загина при пад на мал авион во близина на аеродромот Чендлер во американската сојузна држава Аризона.

Несреќата се случила во вторникот околу 19:50 часот по локално време, во близина на крстосницата на улиците „Меквин“ и „Квин Крик“. По пријавата, на местото веднаш пристигнале противпожарни и спасувачки екипи, кои со помош на контролната кула ја лоцирале урнатата леталка.

— реклама —

На местото на несреќата било пронајдено телото на едно лице, за кое се претпоставува дека управувало со авионот. Смртта била констатирана на самото место.

Идентитетот на загинатото лице засега не е официјално објавен.

— реклама —

Од противпожарната служба во Чендлер информираа дека во истрагата учествуваат управата на аеродромот, локалната полиција и Федералната управа за цивилно воздухопловство (FAA), која треба да ги утврди причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

297518608_641502313685107_970508072134121291_n

Два авиони се судрија на аеродром во Аризона

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања