„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Маричиќ „пропадна“ во земја од прашања на новинар, правеше гримаси додека слушаше на што треба да одговори амбасадорот Гир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-10-13-180422

За време на денешната прес-конференција, новинарот Кристијан Ландов побара од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ да открие шето јаделе и пиеле откако е дојден во Секретаријатот за европски прашања и побара да му бидат доставени сметките кои вицепремиерот ги вети во три пати во три наврати.

— реклама —

„На вашето прво барање целосно беше одговорено инаку немаше да имате материјал за серијал за пишување на таа тема. Во однос на трошоците во СЕП прво го упативте барањето на погрешна адреса, по што ви беше укажано. По укажувањата на институциите за споделување на потребните информации добивте покана да дојдете во СЕП и да извршите увид во сметките и во се што ве интересира. Вие тоа го одбивте и сега во наредна фаза ќе ви ги доставиме сите информации кои што ви се потребни, но треба јавноста да знае дека имавте можност да добиете увид во сите документи и дека вие тоа го одбивте. Така што еве во следна фаза институционално ќе ги решиме сите недоразбирања и мислам дека немаме што да криеме и дека нашата институција и секоја институција која што сум ја водел редовно доставувала информации и до владиниот систем за владини финансии и до сите медиуми и се она што ги интересира медиумите“

Новинарот Ландов му возврати на Маричиќ дека од него биле побарани фотокопии, а не увид.

— реклама —

„Треба да кажете дека беа барани фотокопии, Вие баравте да дојдеме да правиме увид. Не Ви беше побаран увид. Не треба да ја лажете јавноста, мислам…Треба да бидете фер целосно до крај, еве Невена е тука, може да потврди…“, изјави Ландов.

-„Не, не, не ја лажам јавноста... Еве јас одоговорив на прашањето, ако не сте задоволен може и писмено да ме прашате и ќе ви одговорам но ви беше понуден увид во сметките вие го одбивте и тоа треба јавноста да го знае“, додаде Маричиќ.

xJ1Gei4VCLU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања