„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Маричиќ стана вирален со реакцијата, а јавно призна дека СДСМ остава напластени проблеми за решавање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3918

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ јавно призна дека СДСМ и остава на ВМРО-ДПМНЕ напластени проблеми. Откако вчера, СДСМ призна апсолутен пораз, реакцијата на Маричиќ за време на прес-конференцијата на партискиот претседател Димитар Ковачевски стана вирална.

— реклама —

„Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори. Новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи европските реформи и да не застрани од патеката на европската интеграција и регионалната соработка, нешто што во повеќе наврати беше јавно промовирано и ветувано од нивна страна. Ние, како социјалдемократи, како прогресивни и принципиелни политичари, оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните. Ние како опозиција ќе бидеме постојано тука за потребите на развојот, да иницираме но и поддржиме тоа што им треба на граѓаните, да поддржиме европски реформи, да споделиме искуства, но и да критикуваме и да се бориме за демократија, слобода и социјална правда доколку новата власт се дрзне да се репризира себеси како во годините пред 2017. Покрај тоа, јас лично, со цел свој капацитет, со цела своја енергија, посветеност и знаење, ќе се вложам во заздравувањето и реформите на СДСМ како партија која искрено ја сакам и со гордост и припаѓам, бидејќи во овој момент каузите за кои целиот свој живот сум се борел се загрозени и со ослабена подлога и база“, напиша Маричиќ.

Посочи и:

— реклама —

„Нема компромис по однос на мојот порив да продолжам да застапувам европски реформи за членство на Северна Македонија во ЕУ, користење на европските можности, солидарност, соработка и почитување на различностите. Ќе дејствувам со ум, со разум, со љубов и со посветеност, за подобра европска Македонија, за СДСМ кој води, а не заостанува. Им благодарам за соработката на сите колеги од Владата, од партијата, од граѓанското општество и од бизнис секторот со кои имав можност да соработувам во изминативе седум години“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања