Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мароко именува автопат по Доналд Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library85s4i7u0gf3m5FsVKGB
screenshot x

Мароканскиот крал Мохамед VI официјално потврди дека една од најважните сообраќајници во земјата го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што објави државната новинска агенција на Мароко, кралот во писмо до Трамп навел дека преименувањето на автопатот претставува „личен израз на голема почит“.

— реклама —

Автопатот Тизнит–Дахла, долг 1.055 километри, минува низ Западна Сахара – територија околу која со децении постои спор. Мароко го смета регионот за дел од својата територија, додека дел од него е под контрола на Фронтот Полисарио, движење кое се залага за независност на Сахарците.

— реклама —

Во писмото, кралот потсетува дека САД за време на првиот мандат на Трамп во 2020 година го признаа мароканскиот суверенитет над Западна Сахара.

— реклама —

„Историското признавање на мароканскиот суверенитет над Сахара засекогаш ќе остане во сеќавањето на Мароканците, од генерација на генерација“, напишал Мохамед VI.

— реклама —

Трамп минатата недела на својата социјална мрежа Truth Social му се заблагодари на мароканскиот крал за оваа чест и објави видео од автопатот, наведувајќи дека неговата изградба чинела речиси една милијарда долари.

„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе поминам по целата должина на овој голем автопат, се надевам, многу скоро“, напиша Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Европските дипломати предупредуваат: Победа на демократите може дополнително да ги влоши односите со Трамп

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryp8433rjj897ocPapdMc

Анкетите најавуваат тежок пораз за Трамп, но колку се точни прогнозите?

Свет | пред 14 часа

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Трамп најави помилувања за своите соработници, подготвен да го заштити и Илон Маск

Свет | пред 18 часа

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

(Видео) Трамп: Велат дека Кина нè шпионира, па и ние ги шпионираме нив – не грижете се

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања