Промени тема
Контакт

(Видео) Марсеј во пламен и судири: Демонстранти упаднаа во градското собрание, ограбени продавници и нападната полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarylrb4nu8ij0edczNXGP6

Насилни судири, запалени барикади, ограбени продавници и упад во градското собрание го одбележаа денешниот протест во Марсеј, додека демонстрации против високите трошоци за живот се одржуваат во повеќе француски градови.

Според АФП и француските медиуми, група демонстранти насилно ја пробиле влезната врата на градското собрание во Марсеј, влегле во објектот и оштетиле дел од инвентарот. Во внатрешноста била соборена и биста на Маријана, симболот на Француската Република.

— реклама —
— реклама —

На улицата Канебиер биле искршени излози и ограбени повеќе продавници, додека демонстранти се судриле со полициските сили. Полицијата употребила солзавец, а во градот биле распоредени и оклопни возила.

Нападнати биле и простории на општинската полиција, каде што биле искршени стакла и фрлени димни средства. Според полициските власти, бил спречен обид за подметнување пожар.

— реклама —

Протестите се дел од поширока мобилизација во Франција поради поскапувањата и трошоците за живот, на која се приклучиле студенти, синдикалци и поддржувачи на движењето „Жолти елеци“.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно од Брисел повика на смиреност, порача дека правото на протест мора да биде придружено со почитување на луѓето и имотот.

На социјалните мрежи се појавија и тврдења за пожар во близина на катедралата во Марсеј, но за тој конкретен инцидент засега нема независна потврда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysqaus4a0fujf85OyqSF

Во срцето на Европа беснее брутална војна на наркобандите: „Париз не третира како колонија“

Свет | пред 8 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања