Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Маж плукнал на црква во Ерусалим, а потоа покажал среден прст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryvkite6ls68ttfnyWyLP
screenshot x

Ерменската патријаршија во Ерусалим објави снимка од надзорни камери на која се гледа како маж ја навредува една од најсветите ерменски цркви во Стариот град, катедралата „Свети Јаков“ во Ерменската четврт.

— реклама —

Според објавеното видео, лицето повеќепати плука на влезот од црквата, по што покажува среден прст и прави подбивен знак на крст со раката. Настанот се случил во Ерменската четврт на Стариот град во Ерусалим, а снимката ја објави Ерменската патријаршија, пренесува агенцијата „Анадолија“, која наведува дека мажот е израелски државјанин.

— реклама —
— реклама —

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии, откако претходно била нападната калуѓерка во Источен Ерусалим. Во градот, каде што служат стотици свештеници и калуѓерки од различни делови на светот, во последните години се пријавени зголемен број напади врз христијанско и муслиманско свештенство, како и врз верски објекти.

— реклама —

Верските институции во Источен Ерусалим повеќепати апелирале до надлежните власти да преземат мерки за спречување на вакви инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Израелската војска изврши нов напад во Појасот Газа, семејства ги напуштаат засолништата

Свет | пред 4 дена

— реклама —
11-izrael

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа

Свет | пред 6 дена

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања