Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) „Ме земавте од аеродром и одевме некаде до наутро, беше многу забавно“, Каролина се присети на заедничките моменти со Фламингоси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Магазин
media-library33nv7dukfiudb7DxFR1

Најновата епизода на Амиџи шоу беше посветена на прерано починатиот Маринко Маџгаљ, кој заедно со водителот Огњен Амиџиќ беше дел од популарното дуо „Фламингоси“. Во емисијата гостуваше и нашата Каролина Гочева, која заедно со Фламингоси ја испеа песната „Ти и ја“.

На прашањето по што ја памети соработката и дружбата со Маринко Маџгаљ, Каролина одговори дека сите сеќавања со него се поврзани и со Огњен, бидејќи секогаш биле заедно.

— реклама —

„Сите мои сеќавања за него се поврзани и со тебе, затоа што вие двајца секогаш бевте заедно. И секогаш беше некоја забава. Паметам дека ме земавте од аеродром и одевме некаде до наутро. Секогаш беше забавно, многу се глупиравме. Навистина многу се глупиравме“, рече Каролина, а по ова Амиџиќ одговори:

— реклама —

„Јас мислев дека Каролина кога дојде беше некако сериозна, ама таа беше во фаза ‘Ајде, весело, одиме, браво, Каролина!’,“ рече водителот.

— реклама —

„Како што велиш, јас бев сериозна, ама вие двајца го извлекувавте најлошото од мене. Баш се забавувавме. Се сеќавам, вие доаѓавте и во Скопје. Знам дека јас ве возев, тогаш бев тазе шофер и ве возев низ град. Ми бевте гости на концерт“, се присети пејачката.

Амиџиќ потоа рече дека таа ги воодушевила.

„Таква енергија, такво ‘зезање’, си велевме ‘браво, Каролина!’. Навистина многу се дружевме и подоцна, кога и да одевме таму. И навистина, таа е еден од најдобрите вокали што искрено сме ги слушнале и сме имале можност да соработуваме. Навистина, тоа си ти“, рече Огњен Амиџиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

290199688_1688781008150234_3492168826497811076_n

Каролина првпат проговори за разделбата на родителите: Денес се во одлични односи

Магазин | пред 3 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања