Промени тема
Контакт

(Видео) Меси приреди шоу во Мајами: Четири гола и асистенција во убедливата победа над Монтреал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-library3pmdu62p5gq2c5M6rww

Фудбалерите на Интер Мајами го декласираа Монтреал со 7:1 (2:1) во натпревар од МЛС-лигата, а во центарот на вниманието повторно беше неверојатниот Лионел Меси.

Аргентинската суперѕвезда постигна дури четири гола, а запиша и една асистенција во големото шоу на тимот од Мајами.

— реклама —

Меси стрелаше во 40., 52., 83. и 90+6. минута, додека во 80. минута асистираше за голот на Луис Суарез.

Во листата на стрелци за Интер Мајами се запишаа и Каземиро во 20. минута и Александар Шоу во 89. минута.

— реклама —

Единствениот гол за Монтреал го постигна Фабијан Херберс во 37. минута.

— реклама —

Ова беше првпат во кариерата Меси да постигне четири гола на еден натпревар во МЛС-лигата.

Со убедливата победа, Интер Мајами ја прекина серијата од пет натпревари без триумф во сите натпреварувања.

Интер Мајами моментално е на второто место во Источната конференција со 42 бода, додека Монтреал е на 14. позиција со 21 бод.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7l7qf1igj5bqcyqFzud

Од Нејмар до Модриќ: Фудбалскиот свет со пораки за последниот репрезентативен натпревар на Меси

Спорт | пред 6 дена

— реклама —
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

(Видео) Меси пред последниот натпревар за Аргентина испрати порака што ги растажи навивачите

Спорт | пред 6 дена

media-library58j6ncfhh6qk8lmg76Q

Меси со еврогол за пресврт, но Интер Мајами остана без победа во судиското продолжение

Спорт | пред 1 месец

media-library3pmdu62p5gq2c5M6rww

Меси повторно меѓу кандидатите за „Златната топка“

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања