Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Настани
tripunovski-vlada

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека интерпелацијата поднесена од СДСМ за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е неоснована и безпредметна, посочувајќи дека аргументите на опозицијата не држат.

„Сметам дека интерпелацијата не е основана имајќи ги предвид наводите кои се таму изнесени. Имајќи ги предвид политиките на СДСМ кон земјоделците, неисплатените плати во Национални шуми, неисплатените субвенции, долгови, тие имаат најмалку право да зборуваат за оставка или интерпелација“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека интерпелацијата е легитимен демократски инструмент, но изрази уверување дека министерот Трипуновски ќе ги презентира своите аргументи и ќе одговори на обвинувањата.

— реклама —

„Во демократијата има и такви инструменти, уверен сум дека министерот ќе ги презентира своите аргументи, ама мојот став е дека апсолутно е безпредметна оваа интерпелација“, рече премиерот.

— реклама —

Претходно, СДСМ поднесе интерпелација за работата на министерот Трипуновски, обвинувајќи го за, како што наведуваат, „системска корупција, злоупотреба на службената положба и катастрофални политики“ кои, според нив, го довеле земјоделството до колапс.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека се крателе субвенции, се укинале програми и биле суспендирани европски фондови, при што илјадници земјоделци останале без поддршка. Дополнително, наведуваат и случаи на корупција кај најблиските соработници на министерот, како и сериозни проблеми со функционирањето на институциите во ресорот.

Интерпелацијата е поднесена во Собранието и се очекува да биде предмет на расправа во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања