Лидерот на опозицијата Христијан Мицковски во интервју за „Сител“ вели дека го предлагаат судијата Панчевски за шеф на новото СЈО.
„Според закон обвинителите не можат да се вратат во новото Обвинителството, туку во обвинителствата каде биле превземени. Имате друг ресурс во СЈО како што се снаата на Катица Јанева, внукот на Катица Јанева, двајцата братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски и така натаму. Со овој нов закон, се предвидува сите овие да бидат превземени од новото обвинителство“, вели Мицковски.
„Репрезентот на Обвинителството, Вилма Русковска да биде шеф на новото СЈО е исто како ние да предложиме лице кое има репутација, кредибилитет и е биран со години дека е најдобар помеѓу репрезентите во таа фела, а тоа е господинот Владимир Панчевски? Зошто да не го избереме него? Зошто тој да не е човекот кој ќе води новото обвинителство“, вели Мицковски.