Промени тема
Контакт

(Видео) Мицкоски им најави на ДУИ: Ова е изолирана група на ексфункционери чиј криминал ќе се обелоденува, им ги знаеме чекорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-08-at-11.29.47

Премиерот Христијан Мицкоски, тврди дека се прави хајка со етнички прашања од страна на ДУИ. Според него, изолирана група од оваа партија е засегната од сторен криминал, а најави дека за бргу ќе се дознае се. Посочи и: „Точно знаеме со кои групи комуницираат и како, како ние, така и нашите стратешки партнери. Немојте да мислите дека сме сами, ќе се одбраниме и поразиме“.

„Разговараме со ВРЕДИ оваа е тековна постапка пред Уставниот суд. Имаме ситуација во која што ниту ние ниту било кој треба да интервенира во Уставниот суд. Принципот 'како до сега' беше поразен на 8 мај. Но се уште покажува знаци за живот и гледаме дека единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат етничките прашања - бидејќи на друг начин не можат да имаат поддржувачи. Оваа тема за нив можеби носи некаков резултат“, рече Мицкоски.

— реклама —

Според него, ДУИ се обидуваат да ја поделат јавноста.

— реклама —

„Од сликите видовме како насилниците кои го палеа албанското знаме се фотографирани со ДУИ. Ова од МВР го потврдуваат. Втората теза е дека и тие знаат (ДУИ), бидејќи 20 години поставуваат уставни и секакви судии, знаат дека нема ништо да се случи во среда, ќе излезат во јавност и ќе кажат - еве ние правевме притисоци, ништо не се случи“, додаде Мицкоски.

Премиерот рече дека има процедури во Уставниот суд бидејќи има процедури, како што е подготвителната седница.

— реклама —

„Ги молам сите граѓани, Македонци, Албанци, сите. Да бидат спокојни ова е изолирана група на ексвисоки владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен криминал кој набргу од денеска ќе се обелоденува“, додава Мицкоски и рече: „Без разлика колку ќе трае борбата, ќе ги поразиме“.

Им укажа: „Знаеме што планираат да прават, им ги знаеме чекорите. Граѓаните нека бидат спокојни, бизнисите нека си работат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања