Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Настани
media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е во напредна фаза на разговори со тур-оператори за значително зголемување на бројот на туристи на охридското крајбрежје, особено надвор од главната туристичка сезона.

— реклама —

Според него, се работи на договор кој треба да донесе околу половина милион ноќевања во вонсезонскиот период, што би значело просечно околу 2.000 гости дневно.

Анализите, како што посочи, покажуваат дека овие туристи трошат во просек по 170 евра дневно, вклучително и за сместување, што би генерирало приближно 85 милиони евра приходи надвор од сезоната.

— реклама —

„Ова е сериозен економски импакт, но и можност за хотелиерите да го задржат персоналот во текот на целата година, наместо да се соочуваат со сезонски отпуштања“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека во наредниот период ќе се работи и на унапредување на сместувачките капацитети, со цел да се одговори на очекуваниот раст на побарувачката.

Најавите доаѓаат паралелно со инвестициите во Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, што треба дополнително да ја зајакне туристичката понуда и поврзаноста на регионот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања