„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

(Видео) Мицкоски: Времето на локални шерифи заврши, падна митот за Кичево, ова е победа за народот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library3avo4552jgc59erW9ie

По затворањето на гласачките места и првичните резултати од вториот круг на локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва прогласи голема победа на коалицијата предводена од неговата партија.

— реклама —

Голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ова е заедничка победа – победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ и неговите соништа. Вечерва Македонија покажа зрелост. Убедлива победа на Орце во Скопје!“, изјави Мицкоски, додека присутните извикуваа: „Цело Скопје ВМРОвски град!“.

— реклама —

Тој соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во Карпош, Аеродром и Чучер Сандево, а посочи дека во некои општини борбата била „жилава и одлучена во 5 до 12“.

— реклама —

„Противкандидатот кој не заслужува да му се спомене името – Брвеница има градоначалник! Победа имаме и во Дојран, Крушево и Кочани – нашето Кочани, кое мора да го издигнеме и поткрепиме. Победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Ранковце, Неготино, Росоман, Чешиново-Облешево, Виница, Конче и Дебрца“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посебно се осврна на победата во Кичево, каде што, како што рече, „паднал митот дека градот припаѓа на некого“.

„Падна Фатмир Дехари, падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Таму заедно соработувавме – Македонци, Албанци, Бошњаци, Роми, Срби, Власи, Турци, христијани и муслимани. Ова е доказ дека можеме да се обединиме околу вредности, не околу поделби. Ова не е само локална победа, ова е победа за Македонија која созрева, за народ кој не се плаши“, рече Мицкоски.

Алудирајќи на поразот на Стевчо Јакимовски во Карпош, тој порача:
„Помина времето на локални шерифи кои се шетаа од еден во друг ќош. Тоа време заврши. Порака е испратена и до оние кои спремаа нечесни подземни игри – бомбата што ја спремаа им прсна во рака.“

Мицкоски нагласи дека не е среќен поради дебаклот на СДСМ, но дека тоа е реалност која покажува дека „партијата не се реформирала“.
„Ние не славиме против некого, туку славиме за Македонија – за новата енергија. И овие избори се порака до нас – да не се забегува со победата. Пораката е разбрана“, заврши премиерот.

DSxkk1PNriA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања