Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Младите го преполнија Охрид: вака изгледаше градот во 03 часот утрово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-librarysila4ub96s3u89qNkGD

Охрид деновиве живее со полн интензитет. Градот пулсира 24 часа, речиси и да нема слободно сместување, а илјадници туристи ги исполнуваат улиците до раните утрински часови.

— реклама —

По завршувањето на концертите и журките, најголемиот метеж се сели кај сендвичарите, киосците за брза храна, на кејот, плоштадот и низ централното градско подрачје, каде посетителите остануваат до зори.

Поради големиот број посетители, низ градот има засилено полициско присуство. Полициски патроли можат да се забележат на бројни локации, а службениците спроведуваат контроли со цел одржување на јавниот ред и безбедноста.

— реклама —
— реклама —

Но, додека туристите уживаат во атмосферата, дел од охриѓаните велат дека овие денови речиси е невозможно нормално да функционираат во градот во кој живеат. Тие се жалат на големите сообраќајни гужви, метежот низ улиците, отпадот што се остава на јавните површини, како и на викањето и бучавата што траат до раните утрински часови.

Летната програма продолжува и во наредните денови. На сцените во Охрид ќе настапат Рита Ора, Сенида и Слаткаристика, а пред публиката ќе се појават и Калиопи, „Некст Тајм“ и бројни други домашни и регионални изведувачи.

Забавата потоа се сели на сцената на Античкиот театар, каде се најавени концерти на „Дупер“, Пеџа Јовановиќ, Жељко Самарџиќ, Симон Трпчески и „Црвена јабука“, што значи дека Охрид и во наредните денови ќе остане една од најпосетените туристички дестинации во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 2 седмици

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 2 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања