Промени тема
Контакт

(Видео) Младо момче брутално нападна маж во центарот на Будимпешта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarynll7h9isl9jt5JtLD9k

Младо момче синоќа брутално нападнало случаен минувач во центарот на Будимпешта, Унгарија. Нападот бил снимен, а на снимката не се гледа очигледна причина за инцидентот.

Мажот преминувал преку пешачки премин кога напаѓачот истрчал кон него, го фатил за врат и го соборил на улица. Додека се обидувал да стане, напаѓачот трипати го удрил со нога во главата.

Нападот го прекинал велосипедист, кој кон напаѓачот насочил предмет што личи на пиштол. Не е познато кој е тој човек ниту дали предметот бил вистинско огнено оружје.

— реклама —
— реклама —

Присутните потоа го опколиле напаѓачот, а на крајот го совладале обезбедувачи од близок угостителски објект. Возило на итната медицинска помош случајно минувало во близина, па лекарите веднаш му помогнале на повредениот. Неговата здравствена состојба засега не е позната.

— реклама —

Будимпештанската полиција потврдила дека осомничениот е уапсен и против него се води постапка поради обид за нанесување тешка телесна повреда. Неговиот идентитет и возраста не се објавени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Лекар од Будимпешта спаси млад човек со операција на срце на улица

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Џеј Ди Венс пристигна, Будимпешта под засилена безбедност

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Киев: Изјавите од Будимпешта и Братислава се провокативни и неодговорни

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Будимпешта е најчеста дестинација на владиниот авион: најмногу летале Николовски и Силјановска Давкова

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања