На последното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, што се одржа минатиот викенд во Кавадарци, српската пејачка Марија Шерифовиќ се најде во центар на внимание не само поради настапот, туку и поради една неочекувана реакција кон публика.
Додека пееше и се движеше меѓу публиката придружувана од обезбедувањето, девојче од првите редови се обиде да посегне по нејзиниот микрофон. На тоа, Шерифовиќ збунето ја погледна и се слуша како вели: „Мрш бре“.
Сцената е забележана на видео што брзо се прошири на TikTok и предизвика поделени реакции. Дел од јавноста ја критикуваат пејачката, нарекувајќи ја надмена и недолична кон своите фанови. Други, пак, ја оправдуваат, со коментар дека никој не треба да си дозволи самоволно да посегне по микрофонот на изведувачот, без оглед на ентузијазмот.
@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound - Good_boy_