Симболичен почеток на кандидатот Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник во Аеродром за ВМРО-ДПМНЕ. Тој засади 7 дрва, за број 7 и 7 клучни проекти.
„Денеска ја почнуваме кампањата од населба Лисиче каде што симболично засадивме седум дрвца. Ќе работиме за чист, зелен и безбеден Аеродром. Имаме политичка програма со 7 клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум. Аеродром ќе биде поинаква општина ќе работиме со многу енергија и многу ентузијазам, ќе допреме до секој еден од вас. Нашата посветена работа ќе биде гаранција дека Аеродром ќе се претвори во најубавата општина во Република Македонија“, посочи Муцунски.