Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) „Муцунски успеа да направи еден хотел за пчели и еден легнат полицаец“, посочи Ристески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
mucunski-012

„Во првите 100 дена од својот мандат градоначалникот Муцунски успеа да направи еден хотел за пчели и еден легнат полицаец. Цели 100 дена Муцунски ја замајува јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност само го информира Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови“, вели Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Општина Аеродром.

— реклама —

Тој додава:

„Редовното дневно празнење на контејнерите го претставува како невиден успех, а периодичното чистење на дивите депонии како успешно реализиран проект.

— реклама —

Вети дека нема да ја финансира партијата со средства од општината, а просториите на урбаните заедници ги претвори во партиски штабови каде унијата на жени на ОК Аеродром реализира партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри за време на Божиќните празници.

Првите 100 дена Муцунски ги потроши на евтини ПР трикови кои создаваат илузија дека нешто се работи. Вистината е дека паѓаат во вода сите предизборни ветувања.

Тимчо Муцунски не е ништо поразличен од останатите градоначалници на неговата партија кои својата неспособност ја покриваат со евтина партиска пропаганда.

Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики. Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, а не реализираат ништо.

Граѓаните на Аеродром не се наивни. За помалку од 4 години повторно ќе има избори. Ваквиот нечесен однос на Муцунски кон граѓаните никој нема да му го прости.

Аеродром не заборава. На лажни ветувања избори не се добиваат 2 пати“.

bmjdZgcyvXc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања