Голем пожар изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“. Во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седум пожарникари, а на помош пристигнуваат уште девет пожарникари, објави Телма.
Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.
Првичните информации се дека пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција.
Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.
„На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица.“, велат од МВР.

