„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Нѐ убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС - ме правеа ретардиран!, сведочи Ѓорчевски за полицијата од истрагата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
tizer-pal.00_53_03_22.Still007

Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска, обвинетиот за помагање, Александар Ѓорчевски, пред судот раскажа за денот кога неговата ќерка е грабната од пред излезот од зградата во која живееше, а подоцна и убиена.

— реклама —

— реклама —

Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Кажете што се случи на 27.11.2023-та година?

Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Се случи лудило. Добив телефонски повик од Зорица со растревожен глас, ја цитирам ‘Сашко Вања ја нема, ја нема Вања’ јас го ставив телефонот на спикер и веднаш почнав да се облекувам. Зорица рече дека се движи кон мене и да се најдеме доле. Кога се симнав, свртев повторно, ја здогледав. Уште пред да се симнам ја отворив апликацијата каде што видов дека Вања последно ја евидентирал кај ‘Хаус Гарден’ пред раскрсницата со Рузвелтова и веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи беше офлајн што значи дека го исклучила телефонот или е онеспособен. Истото го констатиравме заедно со Зорица кога се најдовме пред зградата, Зорица ме праша дали да пријавуваме во полиција, и реков: ‘апсолутно пријавувај а во меѓувреме да се движине кон колата’. Кога стасавме кај колата, утрото беше ладно, минусни беа температурите, јас ја запалив колата и со прскалките ја одмрзнував. Зорица влезе во колата, мислам дека разговараше со колешката со која заедно оди на работа, и дека и рече да најде слика од Вања и веднаш да објави по социјалните мрежи. Со Зорица се упативме кај местото кај ‘Хаус Гарден’, бидејќи на ‘Партизанска’ не може да се запре возилото, влеговме во блокот од улички, кој што се наоѓаат под Партизанска а каде што последен пат телефонот на Вања емитувал сигнал. Тука излеговме од автомобилот, тоа беше една слепа уличка, Зорица се качи по скалите и искочи горе на ‘Партизанска’, а јас приметив веднаш од десната страна на возилото, напуштена куќа без прозорци и влегов внатре да ја пребарам. По извесно време, Зорица се симна кај колата, и ми се јавија од полиција да дојдеме да се вратиме пред зграда кај мене за да дадеме изјави. Се вративме пред зграда двајца полицајци, разговараа со нас, не се сеќавам што, бевме и двајцата избезумени, ги прашав дали пратиле екипи каде што Вања беше последен пат евидентирана. И тогаш Зорица ми кажа дека им се поклопува на Вања и Миња часот по физичко дека им е заеднички час, дека Миња ќе примети дека ја нема Вања, и реши она да оди да ја земе Миња и да соопшти а јас да се вратам на местото каде што веќе бевме со Зорица. Кога пристигнав таму, веднаш приметив полицајци во цивил беа, им пријдов, потврдија дека се полицајци, јас им кажав дека сум таткото, и заедно со нив барав, по соседните подземни гаражи и влезови. Таму веќе пристигнат и чичко и на Зорица, со точак, со насолзени очи, Зорица го известила, побарала помош од него, и тој ја пребарувал куќата. Ме праша ‘Саше што е работата?’. Му кажав Вања ја нема, ако не ја најдеме - мене ќе ме нема. Полицајците во цивил рекоа дека сѐ што можело да се пребара во околината е пребарано. Мене ми се вртеа во глава безброј сценарија. Едно од нив дека ја има удрено кола, и дека некој совесен возач ја ставил во кола и ја однел во болница. Имам братучед кој работи во ‘8ми Септември’, му вртев но не ми одговори. За кратко време ми се јави, ми кажа дека бил на визита, јас му објаснив што се случило и ми кажа веднаш да одам кај него. Oтидов пред боницата, инсистираше да влезам да ми даде нешто за смирување, ми кажа каде да се смирам. Влеговме во една просторија, каде проверуваше  по урегентитните центри дали утрината е хоспитализирано повредено девојче. Исто така се јавивме во Kлиниката на Водно, кај заеднички другар, и таму ни дадоа негативен одговор. Ја немаше никаде по болниците. Не ме држеше место, морав нешто да правам. Братучед ми инсистираше да останам таму, но не го послушав, излегов и влегов во кола. Наредно сценарио беше дека некои заостанати пијаници или наркомани, или дилери во Дебар маало, ја повлекле во кола се упатиле по Партизанска ја повлекле од лудило од каприц, и дека можеби ќе ја пуштат по пат. Исто така едно од сценаријата кое ми се моташе низ глава беше дека Вања е киднапирана и прво што ме фати страв е да не ја изнесат од државата. Од колата пред болницата почнав да вртам по телефони. Прво ми текна да се јавам кај секретарка кај поранешен функционер во полиција, за преку нејзе ги извести колегите на граничните премини да се проверуваат возилата. Таа не ми одговори веднаш, па свртев кај незиниот сопруг, кој е мој бивши колега од Фершпед, на кој му кажав дека ми се случува најлошата ноќна мора и дека за тоа ја барам неговата сопруга и таа подоцна ми се јави. Ми кажа дека е пренесено, да не се секирам од тој апсект, дека наводно на граничните премини имало и ренгени. Дека после нејзиното јавување ни мува нема да може да премине. Решив да тргнам кон преминот Блаце, така и ми беше наместана колата, свртев десно од 8ми Септември, па лево кај Палас, па дури и прекршок мислам дека направив, имаше голема гужва и свртев полукружно назад, па се вратив на претходно сценарио од Партизанска кон Ѓорче Петров дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај, затоа што во меѓувреме разговарав на телефон, на секои 2 минути вртевме со Зорица кај Вања, Зорица ги известила родителите. Почнав да добивам пораки на вибер групата. Имаше една порака, дека е паметно да се прегледуваат камери за патот кон училиште, тоа ми е виде многу пологично, од бесцелното возење, и тргнав накај Центар“.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Каков беше односот на полицијата?

Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово, дека се решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска кај другарче од платформата Дискорт, нѐ прашуваа колку станови имаме, не чие име се водат, колку возила поседуваме, а кога ќе споменавме дека Вања не е отидена по своја волја, во правец спротивен од училиштето појавува и агресија кон нас. Имаше еден инспектор, Владимир се викаше. Тој беше задолжен за распит на децата. Се наоѓавме во мојата кола, се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, но одговорот дека тоа не Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко јас сум бил. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, и он беше убеден дека тоа е Вања, и отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го приметив дека бара потврда и до Зорица по истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС-јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“.

Ѓорчевски рече дека на еден од состаноците со полицијата: „испекторот Музафер ми рече ајде малку да се повозиме. Ме правеа ретардиран во целата таа ситуација, а да не зборам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Што правиш, кај ги молиш да ти го најдат детето, да бидеш некултурен... му реков во ред“.

Судијата даде пауза, па продолжува распитот од адвокатот Туфегџиќ.

ПРЕТХОДНО:

gjorceski-2

Таткото на Вања: Немам поврзаност со овие луѓе за кои приметив дека не се каат, туку се разочарани од „царот“

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за првпат прозборе пред судот за деновите кога трагал по неговата ќерка, но и за сите детали од истрагата. Прв, прашања му поставуваше неговиот бранител, Владимир Туфегџиќ.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали денеска се чувствувате спремен и согласен да дадете исказ пред судот за овој настан?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но сум согласен да дадам исказ и го чувствувам како обврска. Од почетокот на судењето реков дека се ставам на располагање на судот, поради неколку причини, пред се заради Вања, затоа што во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе, на кои сакам да има порачам дека тато е истиот тој човек кој од пред 4-декември и од тогаш навака се претставува во екстремно спротивно светло од  она што сум. Се решив да соберам, да ги потиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите  оние кои ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои не ме познаваат да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметив дека не чувствуваат ниту вина ниту покајание, приметив дека демонстираа гнев и разочарување од т.н. „цар“. Одновно и одново со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички и вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаа доказите како и за првото убиство за тој велешанецот Панче, и заташкаат, Господ знае уште колку убиства ќе направеле и киднапирале. За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која како соучесници контактите на Гоце Трајковски од полицијата и ‘Сејф сити’. Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание, и дека ќе престанале со дејствата“.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали ги познававте лицата Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски од порано?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, додека траат рочиштата претежно мижам. Затворени ми се очите, не можам да ги гледам. Во минатото, не се сеќавам од која временска дистанца, се крена врева поколу објектот Тифани во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, меѓутоа не како Палевски туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено на ТВ ниту запознаено. Во коментарите со комшиите се говореше дека е голем бизнисмен, дека му го стопирале објектот затоа што наводно ‘Партизански одреди’ биле блокирани со самиот објектот, јас така паметам, не ми било важно, но сме коментирале. Тогаш дознав дека живее во близина на ‘Песталоци’ во голема куќа го голем двор, луксузно и наводно имал куче. Само сум слушнал за него. Исто така Зорица со родителите во периодот кога почнавме да се забавуваме, живееше во зграда која што позната како зградата на Упа, спроти фонтана, не знам како придонел во зградата, бидејќи сите знаевме дека е градена од комшија Страшо, газда на Бетон или Гранит, не знам точно. Дури го имав помешано со еден човек со многу понизок раст од него, Тоше, кој дознав дека е друг, со фирма Линк. Така го викаа Тоше Линк.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога се прв пат дознавте за имињата на овие луѓе?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: За Љупчо Палевски дознав кога ме задржаа во станица. Цело време ме прашуваа како сум комуницирал со него, што сум договарал а за останатите имињата ми беа кажани, но и ден денес ги мешам, ми беа кажани од обвинителката Жаклина во присуство на мојот адвокат.Адвокатот Владимир Туфекџиќ:  Дали сте биле нарко зависник?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Релативно краток временски период во раните 90-тите поточно од 1993 до 1995 година. Мојата генерација ја зафати епидемија од нарко зависности. Не се гордеам со тоа, мене ме зафати и јас потклекнав меѓутоа веднаш штом почувствував дека сум заразен од супстанцата, побарав помош од семејството, им се поверив, иако тоа беше забележително, се гледаше, не беше тајна сите мои колеги тоа го приметуваа. Физички слабее човек. Сам најдов клиника во Турција, каде што бев се детоксицирав, 10 дена траеше третманот, и потоа следеше период на ресоцијализација кој за мене помина многу брзо, бидејќи имав поддршка од семејството имав разбирање од работодавците кои би дадоа неплатен одмор од три месеци, имав девојка, со еден збор имав живот на кој повторно му се вратив. Од тогаш до ден денес, не сум имал контакт со никаква нарко супстанца.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: :  Кажете ни дали бевте вработени и доколку сте биле, каде?Обвинетиот Александар Ѓрочевски:Накратко, од својата 18-година работам. На времето беа популарни студентските задруги имав многу ангажмани преку студентските задруги, во туристичка агенција, фри-шоп, штедилница, прво вработување на неопределено работно време ми беше во Фершпед АД каде работев од 1993 до 2002 година потоа преминав во Кометал, во еден сектор од корпорацијата за инженеринг, кога се родија дечињата. Вања беше захтевно бебенце имаше грчеви, слаба и беше крвта бараше 24 часовен ангажман околу нејзе нѐ повикуваше со плач постојано, со Зорица се обидовме да земеме жена да платиме за испомош, не се покажа добра идејата, бидејќи Зорица имаше поголема плата од мене, решивме јас да останам дома и да ги чувам децата. Бидејќи разликата помеѓу нив е 1 година и 4 месеци. Тоа траеше до 2017 или 18- кога се вратив во Фершпед, каде што ми беше кажано дека таму за мене вратите секогаш се отворени. Истото важеше и за Кометал.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали имавте долгови?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Апсолутно не сум имал никакви долгови, можеби во периодот кога сум бил нарко зависник, имавме можности во Фершпед да земаме краткотрајни позајмици додека да стаса платата, меѓутоа тоа го правеа сите вработни. И да сум имал долгови, веднаш сум ги вратил, немам специјални и луксузни барања, скромен човек не сум познат како трошаџија.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Каков беше вашиот однос со децата?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Односот беше љубов на прв поглед. Поготово со Вања. Јас ги чував малечки. Се грижев околу нивната исхрана додека беа болни, ги анимирав, бевме среќно семејство. Постојано знаев каде се, бев загрижен родител, и кога пораснаа со Зорица ги имавме на ‘гугл мапс’ и во секое време знаевме каде се движат. Иако и они самите ако решеа да сменат локација, обавезно ни се јавуваа да не известат за тоа. Беа интровертни, добро воспитани, ангели, кукли, дури и кога ќе останеа сами после училиште кога ќе го напуштеа друштвото, обавезно се јавуваа или кај мене или кај Зорица, телефонски им правевме друштво на патот до дома.По ова, следуваа прашања за една недела Вања да биде киднапирана.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Што правевте една недела пред 27.11.2023 година особено во деновите од петок до недела?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Тој период бев слободен, неврабитен, отказ дадов во Фершпед, и со самото тоа обврската со децата ги преземав јас. Тоа ми беше рутината за целата недела, не можам точно да се сетам кој ден што сме правеле, но се сеќавам за саботата. Можам да ви го опишам тој ден. Беа кај мене на ручек, поручекот добија понуди од друштвото и двете да излезат вечерта. бидејќи надвор почна да роси, да врне, преземав обврска да ги разнесувам со кола. Двете ги однесов кај Зорица и бидејќи имаше порано договорено состанок, да ја почекам во колата додека да се спреми, и ја однесов во ‘Дајмонд мол’ каде што се чекаше со друштвото. Потоа се вратив ја земав Миња ја однесов на договореното место кај Католичка црква, таму тие го променија мислењето, и решија дека сакаат да одат во ‘Сити мол’. Миња на шега баш ми кажа, значи тато ти и мама, ми сте како ‘убер драјвери’. Ја однесов Миња во ‘Сити мол’. Бидејќи помина повеќе време од кога ја оставив Вања во ‘Дајмонд’, а јас бев излезени и се јавив да ја прашам дали можеби можат да ме искористат бидејќи секако сум излезен не сум прибран дома, да ги пренесам на некоја друга локација. Вања се консултираше со девојчињата и решија да ги земам и да ги однесам во ‘Сити мол’. Потоа се прибрав дома. Децата имаа време за излегување до 10 часот исто така и нивните другарчиња. Околу 9 и 20 приметив дека Вања пешки го напушта ‘Сити мол’ а надвор веќе почна да снежи. И наеднаш ми стана офлајн на апликацијата. Веднаш и се јавив на Зорица. Ми рече ‘не се секирај тато знам зошто ми се јавуваш Вања ми се јави од телефонот на Ина, и снемало батерија и си доаѓа накај дома’. Во истиот разговор Зорица ме замоли кога ќе одам да ја земам по пат да и купиме и цигари, и така и бидна. Пред 10 часот Миња ми се јави дека го напуштила друштвото кај Универзална и бидејќи е проблем со паркингот кај Универзална, се договоривме пешки да дојдам кај Силбо да купиме цигари и да ja допратам до дома. Во неделата, сите до покасно поспавме, децата кај Зорица, јас кај мајка ми. Сме слушнале сигурно, сме комуницирале на платформата ‘Дискорт’, заедно со внук ми каде се дружевме кога не беа кај мене. Само заради нив ја имав симнато апликацијата, они нон стоп висеа на неа. Миња попладнето излезе, околу 6 часот, мислам дека беше можеби подоцна, ги испратила сите другарки, во околината кај Песталоци и ми се јави да дојдам да ја земам оти останала сама. Јас и предложив да вклучи камера, да го држи телефонот пред себе и да се упати накај дома за да не ме чека 15 минути додека дојдам до нејзе. Си разговаравме додека се движеше накај дома, и безбедно се прибра дома“.Распитот е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања