Промени тема
Контакт

(Видео) На дневно ниво решаваме проблеми, планирам и лична средба со родителите од Кочани, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-roditeli

Македонија болува и ќе болува, а болката нема да престане, рече премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи средба со родителите на загинатите и повредените. Тој тврди дека постојано се помага и се решаваат проблеми.

„Членови од мојот кабинет на неделно ниво разовараат со родителите на починатите, но и повредените. Планирам во наредниот период да се сретнам и лично и да разговарам. На дневно ниво решаваме проблеми. Еве на пример... Лично разговарав со еден од родителите на децата, но и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Се среди целата работа. Дечињата дојдоа тука. Организиравме транспорт од аеродромот до болницата ‘8 Септември‘. Иако лекарите препорачаа еднодневен мониторинг, сепак тие на своја одговорност бараа да бидат пуштени од болницата“, рече Мицкоски.

Прашан за истрагата, како и дали таа е селективна, тој рече дека истата ја води Обвинителството.

— реклама —

„Јас не се мешам во истрагата ниту, пак, сум се јавил или сум комуницирал со некој од Обвинителството. Не сакам да излезе дека премиерот врши притисоци. Брифиран сум од министерот за внатрешни работи за случувањата. Ова е прв приоритет за мене како премиер. Апелирам до сите политички чинители да ги остават Обвинителството и правосудните органи да си ја вршат работата“, рече тој.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања